Во Сингапур ќе ги скенираат очите на патниците на граничните пунктови

ОБЈАВЕНО НА:

Сингапур разработува систем за скенирање на очите. Овој систем ќе биде испробан на патниците на некои од своите гранични пунктови, а целта е да се види дали оваа скапа технологија може еден ден да ги замени отпечатоците на прстите.

Тоа е последната серија на високотехнолошки промени во градот држава, кој предизвика  големи реакции бидејќи многумина сметаат дека вака се нарушува правото на чесен живот.

Новиот систем за проверка цели кон подобрување на безбедноста во момент, кога во регионот расте воинствениот дух.

Експерти сметаат дека технологијата за скенирање на очите, која со променлив успех била користена во САД и во Велика Британија, може да чини петпати повеќе од системите за проверка на отпечатоци на прстите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK