Во Русија како да нема корона – продажбата на нови автомобили се зголеми за 290%

ОБЈАВЕНО НА:

Коронавирусот нема влијание врз пазарот на автомобили во Русија. Во април годинава во оваа земја продадени се 151.964 нови автомобили што е пораст за 290% во споредба со истиот месец минатата година.

Речиси сите производители остварија троцифрен процентен пораст, а Chery, Mitusbishi и Opel остварија пораст на продажбата од над 1.000%.

Очекувано, како и децении наназад, најпродаван бренд е Lada со продадени 37.931 примерок. Тоа претставува пораст од 304% во споредба со април минатата година. На следната позиција се наоѓа Kia со продадени 19.101 примероци, па Hyundai на третата позиција со продадени 15.483 примероци. Во Топ 10 најпродавани брендови се наоѓаат уште и Renault, Skoda, VW, Toyota, GAZ и Nissan.

Најпродаван модел за минатиот месец е Lada Granata кој е продаден во 14.050 примероци. Следува Lada Vesta со 11.178 примероци, а во најпродаванат петка се наоѓаат уште и Kia Rio (6.996), Hyundai Creta (6.445) и Lada Niva (5.346).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK