Во оваа земја за еден месец се продадени над 320.000 електромобили

ОБЈАВЕНО НА:

Глобалните продажби на електрифицирани возила (100% електрични (BEV) и plug-in хибриди (PHEV)) во првиот месец од годината се зголемени за 112% во споредба со јануари 2020 година и достигнале ниво од 321.000 примероци.

Податоците од ev-sales посочуваат дека пазарниот дел на електрифицираните автомобили во целиот свет достигнал дел од 5%, што претставува подобрување од 1% во споредба со показателот за изминатата година.

На кинескиот пазар за автомобили, кој генерира 54% од глобалните продажби на електрични автомобили има зголемување од 132 во побарувачката на BEV автомобили и тоа од 80% кај хибридите на полнење, PHEV.

Од ev-sales посочуваат дека во јануари 2020 година на првите 13 позиции имало само два кинески електромобили, а сега се дури 9.

Најпродаваниот електричен автомобил во светот во јануари беше целосно електричниот Wuling Mini со резултат од речиси 37.000 примероци. На 2. и 3. место се наоѓаат претствници на Tesla- Model 3 со 21.589 примероци и Model Y со 9.597.

Со најдобро претставување кај plug-in хибриите (PHEV) во Топ 20 е BMW со хибридите 530e, X3 и 330е, од кои соодветено се купени 4327, 4082 и 3297 примероци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK