Во оваа земја ќе биде забрането користењето гуми постари од 10 години

ОБЈАВЕНО НА:

Возењето со стари гуми кои веќе го одработиле својот дел знае да биде опасно, особено во ситуација кога токму гумите треба да помогнат да се избегне некоја ситуација или да се реагира правилно. Старите, истрошени и многу не безбедни гуми влијаат и на околината и на безбедноста.

Велика Британија се одлучи да оди чекор напред кога е во прашање заштитата на околината и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот.

Така од 1 февруари се забранува користењето на гуми постари од 10 години на територијата на Англија, Шкотска и Велс.

Според новите правила, возачите на камиони ќе мора да користат гуми понови од десет години, а во спротивно ќе бидат соодвено казнети. Воведувањето на овие нови сообраќајни правила треба дополнително да ја ззголемат безбедноста во сообраќајот, но и намалат загадувањето.

Во моментов во Велика Британија се разгледуваат и други нови мерки кои би можело да бидат усвоени до крајот на тековната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK