Во Кина пад на продажбата на нови автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот пазар на нови автомобили се соочи со пад на продажбата минатиот месец. Според официјалните податоци од тамошните служби, во Кина минатиот месец се продадени 2 милиони нови автомобили.

Овие бројки се за 12,4% помалку во однос на истиот месец минатата година што е последица на проблемите со кои се соочуваат тамошните производители, а кои произлегуваат од недостатокот на полупроводници.

Кинеското Здружение на производители на автомобили (CAAM) соопшти дека во првите шест месеци од годината се продадени 12,89 милиони нови автомобили што претставува зголемување од речиси 25% во споредба со првата половина од минатата година.

Треба да се забележи дека голем пораст е забележан во однос на продажбата на електрични автомобили каде Tesla има се поголем пазарен удел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK