Во Хрватска уапсен поранешен раководител на Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Во Хрватска по потерница издадена од надлежните служби на САД уапсен е еден од поранешните раководители на Volkswagen Групацијата, Аксел Ајзер, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Германскиот дневен весник, Ханделзблат пишува дека Ајзер заедно со поранешниот извршен директор Мартин Винтеркорн, знаеле и учествувале во манипулација со дизелските мотори вградувани во неколку модели на VW, Audi и Porsche.

Весникот пишува дека 59 годишниот Ајзер е уапсен уште на 9 јуни при обид за влез во Хрватска од Словенија. Оваа вест ја потврди и германското Министерство за надворешни работи во чије соопштение се наведува дека е започната процедурата за обезбедување на конзуларна помош.

Покрај за Ајзер, меѓународна потерница е издадена и за Винтеркорн.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK