Во Хрватска поради сообраќаен прекршок казна затвор од 60 денови

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година во Хрватска значително се зголемија паричните казни поврзани со сообраќајните прекршоци. Оттогаш па се до денес хрватските медиуми речиси секојдневно пренесуваат вес за највисоката изречена казна.

Пред само неколку месеци еден жител на Загреб на име казни мораше да плати речиси 15 илјади евра. Сега, од Загреб доаѓа уште една казна.

Поради возење под дејство на алкохол и учество во сообраќајна незгода, судот во Загреб казни 43 годишник со парична казна од неколку илјади куни како и казна затвор од 60 денови, пренесува хрватските медиуми.

Истиот ден како и гореспоменатиот настан, 66 годишен жител на Загреб поради возење под дејство на алкохол остана без возачка дозвола, но и со парична казна од нешто повеќе од 900 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK