Во Хрватска нема попусти – возач казнет со 4.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Хрватска минатото лето направи измена во законот за сообраќајот при што со правилници ги дефинираше новите висини на казните за сообраќајните прекршоци. Веднаш по усвојувањето, во Хрватска се појави револт поради огромната висина на паричните казни кои сега се најголеми на Балканот.

На 31 мај годинава во Хрватска е изречена уште една голема парична казна за непочитувањето на сообраќајните правила. Како што пренесуваат хрватските медиуми, станува збор за казна во висина од 30 илјади куни што изразено во евра изнесува речиси 4 илјади евра.

Несреќниот возач е 49 годишник кој управувал со возило со загребски регистарски ознаки, а при тоа во неговата крв била утврдена количина од 1,74 г/кг.

Тоа секако е над дозволената количина, па покрај парична казна изречена му е мерка за забрана за управување со моторно возило од Б категорија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK