Во Германија се продава Zastava 128 од 1976 година – со 45.000 км.

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од автомобилите на Porsche, Ferrari, Lamborghini, Alfa Romeo од 70-те години, па и останатите како Opel, Fiat, Citroen, автомобилите на Zastava се продаваат по далеку пониска цена како олдтајмери. Се разбира причина за ова е репутацијата на евтино и неквалитетно возило.

Еден таков автомобилл Zastava 128 од 1976 година се појави на оглас во Германија, а цената е солидна и изнесува 8.900 евра. Овој автомобил бил увезен пред речиси 45 години во Демократска Република Германија каде се извезени стотици автомобили од Крагуевац.

Овој автомобил кој е во одлична состојба, има поминато само 45 илјади км, а е опремен со 1,1 литарски бензински мотор со моќност од 55 КС.

Zastava 101

Се очекува автомобилот да биде за брзо продаден и покрај релативно високата цена. Причината за тоа е што автомобилите од Источна Европа, особено оние сочуваните бележат голема популарност во западните земји.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK