Во Франција се бараат возачи кои ќе ги казнуваат другите возачи

ОБЈАВЕНО НА:

Во последните две години во Франција сопственици на возила со вградени радари во приватна компанија место полицијата го набљудуваат сообраќајот и ги снимаат оние кои возат пребрзо. Податоците потоа и се праќаат на полицијта, а таа потоа до има делот за издавање на казни на возачите кои не се придржуваат до правилата.

Уште во 2017 година Франција ги препушти мобилните радарски контроли на приватниците, кои не смеат да ги запираат возачите кои прават прекршоци туку само ги снимаат. Таа работа за полицијата е прескапа, а приватниците уживаат во неа, па работат и по 24 часа и секако собираат евра на патиштата.

Прецизирано е на кои автопати можат да работат, а компаниите како Geos или Mobiom константно бараат вработени. Во Mobiom месечната нето плата е 1400 евра, а работното време е шест часа на ден (во игра се и ноќни смени, а вклучени се и празници и викенди.

Се работи од 0 до 24 часот бидејќи парите за заработуваат на автопат. Од 2020 година Mobiom на патиштата во Нормандија ќе има 26 вработени во пет автомобили опремени со радари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK