Внимавајте! МВР казнува за непрописно вградени фолии

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за Внатрешни работи во периодот од 9 јуни до 13 јуни годинава спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија при што казни 45 лица.

Целта на акцијата беше неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

Од вкупниот број санкционирани возачи, 44 се санкционирани за неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и еден за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

Акциите на МВР за утврдување на овој вид на прекршоци ќе продолжат и во наредниот период.

Ако претерате со затемнување стакла – следува казна од 300, 600 или 2.000 евра

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK