Внимание: На бугарските патишта ќе патролираат необележани полициски пресретнувачи

ОБЈАВЕНО НА:

Ако решите да „аздисувате“ на патиштат во Бугарија и притоа да избегнете казна, тоа нема уште долго да се толерира. Наскоро ќе почнат да патролираат брзи автомобили што нема д абидат обележани дека и припаѓаат на полицијата и ќе ги ловат и казнуваат они ешто ќе ги прекршуваат сообраќајните правила и прописи.

Сообраќајната полиција ќе добие 15 вакви возила и тие треба да започнат со работа до крајот на 2019 година. Не се знае на кои делови од земјата ќе бидат, но сигурно онаму каде има најголема фреквенција, на автопатиштата и на транзитните делови од границите.

Ваквите автомобили се вообичаено „набилдани“ со коњски сили и лесно можат да ги стигнат оние што ќе возат над дозволената брзина. Ќе бидат опремени со камери и секој прекршок ќе биде регистриран за да може сторителот да биде казнет.

Слични возила веќе има во Србија кои на автопатот од Унгарија до Македонија постојано патролираат и ги ловат оние што ја надминуваат дозволената граница. Истото е и во Хрватска.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK