Владата на Словенија го намалува данокот на нови возила

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од Македонија каде од 1 јануари годинава цената на новите возила пораснаа како последица на зголемување на увозните давачки, во Словенија се размислува поинаку.

Владата на оваа земја предложи предлог закон според кој ќе се укине додатниот данок на луксузни возила со мотор над 2,5 литри.

Просечниот данок на возила при увоз во моментов изнесува 460 евра, а со усвојување на предлог законот тој ќе се намали на 160 евра, изјави Андреј Ширцељ, министер за финансии во словенечката влада.

Во парламентот на Словенија овој закон ќе се гласа овој месец, а доколку се усвои на сила ќе стапи од 1 јануари. Со истиот, значително ќе се намалат и буџетските приходи од 45 милиони на 16 милиони евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK