Вистински хит! Секој трет VW T-Roc е кабриолет

ОБЈАВЕНО НА:

Лансирањето на кабриолет изведбата на T-Roc се покажа како полн погодок за Volkswagen. Овој модел малку познат под кодното име AC7 беше лансиран во април минатата година, а сега се потврдуваат одличните перформанси на овој модел.

Секој продаден трет T-Roc во Германија е токму од оваа изведба. Така во првите пет месеци од годината се продадени 8.631 примероци од оваа изведба што претставува 28,8% од вкупната продажба на T-Roc во овој период во Германија.

Продажбата се очекува да се зголеми во летниот период кога се очекува кабриолет изведбата да биде доминантна.

Инаку овој модел во целост е идентичен, според техничките карактеристики како и основната изведба на T-Roc. Поради популарноста, германскиот производител не ја исклучува можноста наскоро да биде претставена и кабрио изведбата на T-Cross.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK