VinFast почна со експанзијата во Северна Америка и Европа – ги отвора првите канцеларии

ОБЈАВЕНО НА:

Не, не се работи за кинески производител туку за првиот виетнамски производител кој беше формиран пред неколку години. Откако ги претстави првите свои модели на реномирани саеми, овој производител ги отвора и првите канцеларии надвор од Азија.

Како дел од стратегијатаза експанзија во Северна Америка и Европа, VinFast наскоро ќе ја отвори својата канцеларија во Калифорнија од каде ќе се менаџираат бизнис активностите во САД и Канада. Ова го потврди Vingroup, компанијата која го поседува брендот VinFast.

Во Европа, наскоро ќе се отворат канцеларии во Германија, Франција и Холандија, потврди извршниот директор Ти Ван Ан за Ројтерс.

Првите продажби во Европа и Северна Америка се очекува да се реализираат кон втората половина следната година. Токму за следната година VinFast има амбициозен план за продажба на 56 илјади електрични возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK