Верувале или не: Имаат бесни автомобили, а ги уапсиле за споро возење

ОБЈАВЕНО НА:

Сопствениците на спортските автомобили од сообраќајната полиција главно добиваат казни поради возењето со голема брзина. Кога имате автомобили со повеќе од 200 или 300 коњски сили тешко е да се задржи ногата без да се стисне добро на папучата за гас.

Исклучоци, сепак, се случуваат понекогаш, како на автопатот кај New Haven. Таму дури десет возачи на спортски автомобили биле уапсени поради преспоро возење.

Момците го запирале и успорувале сообраќајот бидејќи се снимале. Возеле полека и едни покрај други како на фотографиите би изгледале поатрактивно. Бил направен голем застој, но тоа многу не ги загрижувало сопствениците на брзите автомобили. Тие имале свој план и воопшто не се грижеле дали пречат.

Полицијата немаше премногу разбирање за нивното шегување и на момците им поделила парични казни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK