Вака изгледа реставрирана најстарата Буба на светот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

При купувањето на автомобилот Volkswagen Буба, Ондреј Бром немал претстава дека станува збор за најсториот примерок од овој автомобил во светот. Колекционерите веќе со години ја пумпаа цената на првите серии на Volkswagen Буба, па без оглед на фактот што е произведена во 21 милион примероци, сè повеќе добива на цена.

Сепак, овој конкретен примерок навистина е нешто посебно. Официјално гледано, овој автомобил се вика KdF-wagen Type 60, a е произведен во 1941 година уште додека Volkswagen не постоел. Произведувачот на автомобилот под тоа име се појавил дури после завршувањето на Втората светска војна.

Автомобилот на фотографиите е подарен веднаш штом излегол од фабриката. Славниот композитор од Берлин, Паул Линке уживал во него сè до капитулацијата, кога му се губи секаква рага. Никој не знаел каде е KdF-wagen Type 60 со број на шасија – 20.

Ондреј Бром во 1988 година го здогледал автомобилот Volkswagen Буба како пропаѓа под едно дрво и посакал да го купи. Сепак, во својот паричник имал само 4.000 чешки круни, а сопствеикот барал 60.000. Сепак, иако станува збор за незгоден старец, тој почекал младиот студент да отиде до банка и да ги донесе парите.

Полни девет години, Ондреј бром живеел со уверување дека е сопственик на Volkswagen Буба. Сепак, кога автомобилот почнал сериозно да го реставрира сфатил дека станува збор за раритет. Тоа му бил уште посилен поттик за KdF-wagen Type 60 да го донесе во состојба што послична на оригиналот.

Работата имало во изобилство, а потребното ниво на оригиналност барало големи средства, па во 2012 година полскиот реставратор Јацек Крајевски го преземал проектот и се потрудил KdF-wagen Type 60 да добие третман каков што заслужува. Најголемото воодушевување настапило кога после вадењето на бојата, рендгендските снимки и користењето на разни хемикалии, под корозијата бил пронајден бројот на шасијата – 20!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK