Вака би можело да изгледа Peugeot 308 SW

ОБЈАВЕНО НА:

На 18 март годинава Peugeot ја спроведе светската премиера на третата генерација на Peugeot 308. Сега, по неколку недели се појавија и првите рендери за караванскта верзија на овој модел.

Станува збор за рендер објавен од рускиот сајт kolesa.ru. При тоа треба да се напомене дека рендерите кои ги објавува овој специјализиран сајт за автомобилизам во последните неколку години се многу блиски со производствените изведби.

Рендерот ја следи дизајнерската филозофија аплицирана кај хечбек изведбат. При тоа мала измена има во задниот дел која е незначителна во поглед на основната верзија. Секако, оваа изведба доаѓа со поголеми димензии, со тоа и поголем капцитет.

Истата се очекува да биде претставена кон крајот на оваа година, а во однос на мотористиката истата треба во целост да ги има истите мотори како и основната изведба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK