Вака би можело да изгледа новата Toyota MR2

ОБЈАВЕНО НА:

Одличното прифаќање на Supra беше причина да Тојода, првиот човек на Toyota изјави дека наскоро ќе се комерцијализира уште еден спортски модел, легендарниот MR2.

За разлика од Supra која е развиена заедно со BMW, се почесто се пишува дека MR2 ќе се развива заедно со Porsche, па за очекување е новиот спортски модел да биде идентичен како и Porsche 718 Cayman.

На интернет веќе се појавија првите рендери од можниот изглед, а тие се едноставно воодушевувачки.

Доколку се реализираат овие пишувања, тогаш овој модел по пауза од 13 години повторно ќе се најде во понудата на јапонскиот производител. За последен пат беше дел од понудата во периодот од 1999 до 2007 година кога актуелна беше третата гeнерација на овој спортски модел. Првата генерација беше лансирана во 1984 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK