Вака би можело да изгледа Nissan Z Roadster

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најпознатите независни дизајнери X-Tomi Design го објави рендерот за Nissan Z Roadster. Овој рендер доаѓа само некое време по промоцијата на Nissan Z Proto.

Очекувано, истиот модел е целосно инспириран од Z Proto, а како можно кодно име се споменува 400Z. Должината на оваа изведба би требало да изнесува 4.382 мм, а ширината 1.849 мм.

Во однос на мотористиката, под хаубата би требало да не очекува V6 twin-turbo бнзински мотор во комбинација со шест степен мануелен менувач и моќност од околу 400 КС.

Шпекулациите од претходно кажуваат дека овој модел во продажба ќе се појави кон крајот на следната година, а промоцијата ќе биде на почетокот на истата година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK