Вака би можел да изгледа новиот Hyundai Tucson

ОБЈАВЕНО НА:

Пред само неколку недели на интернет се појавија првите шпиунски фотографии од маскираниот Tucson. Врз основа на истите, рускиот интернет портал Колеса го претстави рендерот за можниот изглед на новата генерација.

Од рендерот може да се види дека новата генерација на Tucson значајно се разликува од постоечката т.е. актуеланта генерација која е претставена во 2015 година.

Нова е предната маска и предните светла кои наликуваат на моделот Nexo, а задните светла линиски се споени.

Hyundai Tucson

Премиерата на продукциската верзија е закажана за средината на следната година, а во понудата се очекуваат 2.0 литарските турбо бензински и турбо дизелски мотори со 150 односно 185 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK