В.Британија излезе од ЕУ – продажбата на нови автомобили падна за 7%

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата на нови автомобили во јануари во Велика Британија забележа уште еден пад. Во јануари годинава споредбено со јануари минатата година продажбата забележа пад од 7,3%. Така во првите 31 ден годинава продадени се 149,279 нови автомобили додека истиот период минатиот година 161,013 нови автомобили.

Најголем пад забележаа автомобилите со дизелски агрегат чија продажба се намали за 36%. Од друга страна оние со хибриден погон забележаа пораст од 111,1%.

Најпродаван модел со продадени 6.087 примероци е Ford Fiesta додека на втората позиција е моделот Focus со продадени 5.287 примероци. Најпродаваната петорка ја сочинуваат Nissan Qashqai, Vauxhall Corsa и Volkswagen Golf.