Утре е светската премиера на новата Opel Mokka

ОБЈАВЕНО НА:

Новата Opel Mokka е вистинска привлечност за очите. Тоа покажува сè за што се залага Opel денес и во иднина. Mokka совршено ги отелотворува вредностите на брендот Opel – германски, достапен, возбудлив – и ја воведува дизајнерската филозофија за следните десет години.

Како целосно електрична Mokka-е дури вози и целосно без емисија на штетни гасови. Официјалната светска премиера и почетокот на нарачките за новaтa Мокка е утре, 22 септември 2020 година. Извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер и неговиот експертски тим детално ќе ја претстават Мокка и ќе ги објават цените – и за верзиите со бензински и дизелски мотори и за електричната Mokka-е. За прв пат, електрифицираната варијанта на моделот може да се нарача и на почетокот на продажбата.

За жал, поради строгите преpораки поради Covid-19, само мала група луѓе може да учествува во настанот на самото место во Риселсхајм. Сепак, прес-конференцијата може да се гледа од 13 часот по средноевропско време на 22 септември на YouTube. Делот за прес материјалите на сајтот исто така ќе содржи нови слики и целосен прес материјал за новата Mokka во исто време.

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

АКО СЕГА БИ КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ, ТОЈ БИ БИЛ СО?

дизелски мотор
55.67% | 393 од 706 ГЛАСА
бензински мотор
14.73% | 104 од 706 ГЛАСА
електричен
12.75% | 90 од 706 ГЛАСА
плаг-ин
10.76% | 76 од 706 ГЛАСА
хибрид
6.09% | 43 од 706 ГЛАСА

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK