Уште една тизер фотографија од новиот Juke

ОБЈАВЕНО НА:

Втор пат во само неколку денови Nissan објави тизер фотографија од новата генерација на Juke која ќе дебитира во септември на саемот во Франкфурт.

Овој пат, за разлика од минатиот пат, фотографијата го прикажува страничниот дел од моделот. Иако е многу затемнета, сепак она што може да се види е дека задните светла ќе бидат идентични како и кај постоечката генерација од моделот Qashqai.

Засега Nissan држи се во неизвесност, па така нема многу достапни информации за овој модел. Се знае само дека се базира на CMF-B платформата развиена од страна на Renault-Nissan Алијансата, а која во моментов се користи кај петтата генерација на Renault Clio.

Се зборува и дека овој модел добие и електрична верзија со што ќе парира на јужнокорејскиот конкурент Hyundai Kona.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK