Уште е рано за масовни собирања: Одложен саемот во Лос Анџелес

ОБЈАВЕНО НА:

Организаторите на саемот за автомобили кој во од 20 до 29 ноември требаше да се одржи во Лос Анџелес објавија дека истиот се одложува.

Истовремено, објавен е и новиот датум. Така третиот најпосетуван саем за автомобили во САД ќе се одржи од 21 до 31 мај следната година.

Причината за ова одложување е состојбата со коронавирусот како и протестите кои ја зафатија целата територија на САД. Организаторите се убедени дека состојбата со пандемијата ќе биде целосно под контрола следната пролет па затоа е одбран и мај за одржување на оваа саемска манифестација.

Инаку оваа година во САД беа одложени трите најголеми саеми за автомобили. Покрај саемот во Лос Анџелес кој е презакажан, саемот во Њујорк ќе се одржи во април следната година доодека оној во Детроит во јуни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK