Уште денеска по старо – од ноќеска поскапува бензинот

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторната комисија на енергетика ги објави цените на горивата по кои истите ќе се продаваат од ноќеска. Поскапување ќе има кај ЕУРОСУПЕР горивото, додека ЕУРОДИЗЕЛОТ останува со истата цена.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK