Уникатен кабриолет Mеrсеdеs-Bеnz 560SЕС (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Јасно е дека парите не можат да купат вкус и овој откриен Mеrсеdеs-Bеnz 560SЕС С126 гo докажува ова уште еднаш. Уникатниот кабриолет е порачан во 1986 година од актерот Роналд Ли Јарми, познат најмногу по улогата на наредник Хартман во филмот на Стенли Кјубрик, „Под комплетна борбена опрема“.

Автомобилот претстојувал околу 10 години во запуштена гаража, а сосема извесно е дека видел и подобри времиња. Километражата покажува поминати 45.355 милји (околу 73.000 километри).

На багажникот стои амблемот на АMG, иако не е познато дали независното за тоа време ателје произведувало кабриолети на база на С126. Доработката е дело на непозната компанија.

Комбинацијата од црвени и кафени нијанси преовладува не само во надворешната форма, туку и во внатрешноста. Седиштата, пак, се украсени со „безбедносни“ конци.

Пред две години новиот сопственик на возилото се обидел да го продаде за 20.000 долари. Дали успеал да најде купувач останува неизвесно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK