Унгарија ќе подели 14 милиони евра субвенции за електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Владата на Унгарија знае како да се бори со загадениот воздух. Покрај минатогодишните субвенции, во време на коронавирусот, Владата на Виктор Орбан со неверојатни субвенции за купување на електрични возила и мопеди.

Според унгарските медиуми, во буџетот на оваа земја за оваа намена ќе бидат издвоени 14,3 милиони евра.

Оваа мерка опфаќа физички лица, такси возачи и правни субјекти. Првите ќе може да добијат максимум субвенција од 7.200 евра, но само ако цената на електричното возило не надминува 31 илјада евра. Над овој износ ќе добијат само 1.400 евра. Владата ќе ги стимулира и таксистите односно такси компаниите. Тие ќе покријат до 55% од фактурната цена на возилото.

Субвенцијата за електрични мопеди се движи од 285 до 2.850 евра. Аплицирањето ќе започне од 15 јуни, а мерката ќе трае се до 1 јуни 2022 година.

Со оваа мерка, Владата ќе се обиде да го намали загадувањето на воздухот, но и да им помогне на домашните дилери на автомобили во пост-корона периодот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK