Улиците низ Берлин полни со необични возила!

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на минатата година Цирих наложи отстранување на 130 од 150 необични електрични возила од улиците во градот. Сега слично се размислува и во Берлин каде што исто така има голем број на необични автомобили. Швајцарскиот стартап Enu објави на пазарот возило „електрично јајце“ за движење низ градот. Се смета дека со тоа само ќе се зголеми и така големиот хаос ни улиците во Берлин.

Додека пешаците се жалат за презафатени тротоари, оваа фирма сака да ги пласира своите први 150 примероци од електричното возило. Се поставуваат прашања од типот – Дали е тоа велосипеди? Дали е тоа автомобил?

„Нашата визија е да се комбинира најдоброто од велосипед и најдоброто од автомобил во еден производ“, вели основачот на компанија Enu, Лука Плаци.

Резултатот од ова е капсула на четири тркала со простор за една личност во кабината. Може да се педалира, како да се вози велосипеди и да се вклучи електромотор кој забрзува до 30 километри на час.

Поради ова мобилните јајца се предвидени само за полнолетни личности со возачка дозвола. Швајцарците почнаа преку апликација да ги изнајмуваат своите возила во центарот на Берлин, во квартовите Мите и Кројцберг. Целта е да се прошири возниот парк на 165 возила до крајот на јуни, а до следната пролет да се понудат 500 електрични јајца во целиот Берлин.

Меѓутоа проблеми се јавуваат само неколку дена откако се појавија електричните јајца на улиците низ Берлин. Имено, Здружението кое ги обединува пешаците во тој град извести дека овие возила создаваат мешаница кога се паркираат на тротоар, на што немаат право. Enu во апликацијата не им објаснува на своите корисници дека не е дозволено да се вози ниту да се паркира на тротоар или на велосипедска патека.

Тротоарите во центарот на градот се веќе загушени со е-тротинети и други возила за изнајмување, па истите се пред целосно закочување, предупредуваат во Здружението на пешаците во Берлин.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK