Украден најпознатиот автомобилот на Џејмс Бонд – се нуди и награда за пронаоѓачот!

ОБЈАВЕНО НА:

Aston Martin DB5 е автомобилот кој се прослави исто толку колку и Џејмс Бонд и тоа благодарение што тој беше автомобилот кој го возеше тајниот агент 007.

Тој беше неизоставен дел од многу филмови на Бонд па оттука и неговата популарност, особено кај колекционерите кои се спремни да ја платат било која сума на пари за да го имаат во своите гаражи.

Денес постојат само 123 примероци од овој модел што е многу мала понуда во споредба со побарувачката за истиот. Еден од нив е украден недалеку од Манчестер, а веќе е објавена и потерница за истиот. Сопственикот на овој автомобил за да ги мотивира трагачите нуди по илјада фунти за секој оној кој ќе даде корисна информација.

“Ова е возило кое се истакнува и сакаме да го зачуваме овој дел од британската историја” изјавија од локалната полиција.

Ако го видите некаде, пријавете во полиција. Можеби вие сте среќникот што ќе ја добие наградата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK