Украден автомобил пронајден по 27 години

ОБЈАВЕНО НА:

Последната вест од едицијата за “не верување” ни доаѓа од американскиот град Питсбург во Пенсилванија.

Станува збор за целосно нов автомобил Mercedes SL 500 кој во 1991 година бил украден, а сега, 27 години подоцна пронајден. Она што е интересно е дека автомобилот е во одлична состојба, сочуван е секој детал, а крадецот има поминато само 1,180 мили што е речиси 1,900 километри.

Под хаубата на овој автомобил се наоѓа 5.0 литарски V8 мотор со 332 КС и автоматски менувач. Внатрешноста на овој тогаш луксузен автомобил е во комбинација од пластика и кожа, а ергономијата и комфорноста е на одлично ниво.

Овој автомобил сега е огласен на интернет сајтот Copart, а цената сега изнесува 12,008 американски долари откако беше намалена од претходно објавената 13,900 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK