Uber во загуба од 5 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Надежната американска компанија Uber забележа уште еден неуспешен квартал кога се во прашање финансиските перформанси. Според официјалните податоци соопштени од компанијата, во вториот квартал е забележана загуба од 5.2 милијарди долари.

Овие перформанси го разочараа инвеститорите, но од компанијата не се разочарани, напротив, сметаат дека ова дава позитивен поттик.

“Нашата платформа продолжува да испорачува силни резултати. Бокирањата се зголемени за 37% споредбеи со вториот квартал минатата година” изјави Дара Хосорвшахи, првиот човек на Uber. Тој додаде дека бројот на корисници е зголемен за 20%.

Од друга страна критичарите на Uber сметаат дека ова е само почеток на крајот на компанијата и сметаат дека во наредните квартли компанијата ќе забележи уште полоши резултати.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK