Турција воведе нова туристичка такса од 1,5 евро

ОБЈАВЕНО НА:

Турција од 1 јануари 2019 година ќе собира туристичка такса во износ од 1,5 евра, која ќе се наплаѓа на аеродромите при пристигнувањето на туристите, соопштија локалните медиуми. Таксата ќе се собира за туристите кои веќе платиле екскурзија до земјата, а за новите резервации таа ќе биде вклучена во авионските билети и ќе се наплаќа од превозниците.

Според порталот Turizmhaberleri, надоместокот првично требало да изнесува 3 евра по лице. Асоцијацијата на туристички агенции на Турција TURSAB сепак побара намалување бидејќи милиони туристи веќе уплатиле за одмор во Турција во 2019 година
По преговори со Министерството за транспорт и инфраструктурата беше одлучено да се намали таксата на 1,5 евра по лице.

Експертите велат дека новиот договор ќе има негативно влијание врз туристичката индустрија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK