Тука има строги правила – Доби 20 дневен притвор бидејќи возел без возачка

ОБЈАВЕНО НА:

Хрватска минатата година ги усвои новите законски измени според кои казните за сообраќајни прекршоци стануваат значително поригорозни. Така за непочитувањето на одредени сообраќајни правила во оваа земја може да се добие казна и до 10 илјади евра, но и казна затвор.

Токму еден 25 годишник од Загреб ја почуствува строгоста на законите на своја кожа. Тој на 18 мај бил сопрен од полициски службеници кои установиле дека не поседува возачка дозвола за управување со моторно возило.

Поради ова, но и фактот што претходно бил повеќе пати фатен да управува без возачка дозвола прекршочниот суд во Загреб му изрече казна затвор од 20 денови.

Кај нас не поседување возачка дозвола може да ви донесе глоба од 100 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK