Toyota Mirai на водород освои 5 звезди на краш тестот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Со години наназад Toyota автомобилите важат за едни од најбезбедните. Јапонскиот производител посветува големо внимание на безбедноста како на возачот и патниците така и на околината. Оттука воопшто не е изненадувачки кога ќе се каже дека одреден модел на Toyota освоил пет ѕвезди на краш тестот.

Тојота Mirai е меѓу првите автомобили што користеа водородна горивна ќелија за производство на електрична енергија потребна за користење на електричниот мотор. Со резервоар под висок притисок кој го чува водородот, безбедноста е од огромно значење и најновата генерација на Mirai го обезбедува ова со врвен рејтинг од пет ѕвезди. Разбирајќи дека некои потрошувачи може да се плашат за технологијата, Euro NCAP посвети дополнително внимание на ударот и безбедноста на Mirai по ударот, но откри дека фактот дека се напојува со водород нема влијание врз неговата вродена безбедност.

Најдобар скор освои во однос на безбедноста на возрасните од 88%. Во однос на безбедноста на децата освои 85% скор, а 82% во однос набезбедносната асистенција. За безбедноста на пешаците освои 80%.

Краш тестот на овој автомобил може да го погледнете во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK