Цените на батериите за електромобилите ќе доживеат голем пад

ОБЈАВЕНО НА:

Според прогнозата од агецијата Bloomberg во блиска иднина се чека опаѓање на цената на батериите за електромобили што ќе се одрази сериозно и на пазарот на еколошките возила. Од 2010 година цените на литиум-јонските батерии се намалени со 80 проценти.

Тоа се покажува како важен фактор за прогресот на електромобилите во светот, заедно со развојот на другите технологии за движење и складирање на енергијата.

Лицата за анализа на агенцијата, велат дека до 2050 година 50 проценти од електриката ќе се генерира од ветер и од сончева енергија. Тоа ќе обезбеди масовно користење на батериите, кои се пропорционални со моќноста како оние кои се користат кај електромобилите.

Исто така во следните триесетина години инвестициите во батерииге и складирањето на енергија ќе достигнат над 500 милијарди долари.

Сè уште нема точни прогнози околу очекувањата за пад на цените на батериите за електромобили, но многу аналитичари очекуваат тој да е сличен на оној кој е набљудуван од 2010 година наваму. Тоа ќе биде целосно доволно за да даде нов, уште посериозен поттик за поевтинување на електромобилите. Се очекува до 2025 година да бидат израмнети со цените со дизел моделите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK