Целосно електричниот Fiat 500 доаѓа следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat на саемот во Женева го претстави најновиот концепт Centroventi кој претставува целосно електричен автомобил кој на пазарот доаѓа во 2021 година.

Овој саем италијанскиот производител го искористи и за да го најави целосно електричната изведба на моделот 500 кој во сериско производство доаѓа уште следната година и тоа на саемот во Женева.

500е ќе биде називот на електричанта изведба која се базира на платформата за електрични возила кој пак ќе се искористи и кај моделот Centroventi. Без многу технички информации, овој модел доаѓа откако до крајот на годината италијанскиот производител ќе ја лансира т.н. “mild hybrid” изведба на основниот 500.

Иако цената не е позната се очекува овој модел да изнесува помеѓу 20 и 25 илјади евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK