Три модели на Honda добија „повик за одење на сервис“

ОБЈАВЕНО НА:

Три модели на Honda произведени во периодот од 1996 до 2000 година а се продадени во Европа „добија покана за одење во сервис“. Се работи за моделите: Honda Cr-V, Honda Civic и Honda Accord. Кај сите е детектиран ист проблем.

Во објаснувањето се вели: „Надувувачите на воздушните перничиња може да бидат неисправни и може да создадат прекумерен внатрешен притисок во случај на активирање. Како резултат на тоа, металната обвивка за надувување може да пропадне, предизвикувајќи метални делови да влезат низ воздушното перниче и во патничкиот простор, при што ќе се повредат патниците на возилото“.

Земјата на производство на модлеите е Јапонија (CR-V), В.Британија (Accord) и САД (Civic). Први кои алармирале за можните проблеми се корисниците во Португалија, а слични проблеми биле утврдени и кај дел од возилата во Романија.

Но, доколку поседувате ваково возило, секако не е лошо да проверите дали и тоа се наоѓа на листата на возила кои треба да се јават на сервис, и за кои постои отворена листа на сервисни кампањи.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK