Трамп ќе ги намалува цените на aвтoмoбилитe

ОБЈАВЕНО НА:

Претседателот на САД, Доналд Трамп смета дека новите автомобили во САД се премногу скапи и дека имаат потенцијал за поевтинување. Тој планира да преземе мерки, кои ќе дозволат намалување на цените во просек по 3.500 долари (3.175 евра) и ќе биде зголемена безбедноста на автомобилите.

„Возилата се скапи, претерано скапи. Сметаме да ги намалиме за 3.500 долари и во исто време да ги направиме многу подостапни и побезбедни. Ќе трнеме дел од старите автомобили од патиштата за да има стимул кај луѓето да купуваат нови, кои ќе создаваат помалку проблеми од еколошка гледна точка“, вели Трамп.

Во исто време претседателот на САД одново се искажа крајно негативно во однос на властите на Калифорнија. Според неговите зборови таму се произведуваат „премногу лесни автомобили, како да се од хартија, што е исклучително опасно при несреќи“.

На Трамп не му е првпат да ги критикува властите во Калифорнија, кои активно налагаат еколошки стандарди, примени уште за време на неговиот претходник Барак Обама. Претседателот на САД се бори за откажување на тие норми и настојува дека тие ги поскапуваат автомобилите. Како резултат на тоа производителите се обиделе да компензираат, со тоа што штедат на системите за безбедност, а корисниците биле принудени да купуваат употребувани или да продолжат да ги возат старите автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK