Toyota за 550 милиони долари купи дел од Lyft

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Toyota преку својата американска компанија Toyota USA објави дека ја реализираше купопродажбата на Woven Planet Holding.

Се работи за компанија која е во сопственост на американската компанија за превоз Lyft, а која се занимава со развој на технологија и автомобили за самостојно управување.

“Овој договор ќе биде клучен во поврзувањето на луѓето, ресурсите и инфраструктурата која ќе ни помогне да го трансформираме светот во кој живееме низ технологијата за мобилност која може да донесе среќна и сигурна иднина за сите нас” изјави Џејмс Куфнер, извршниот директор на Woven Planet.

За оваа компанија Toyota издвои 550 милиони долари, а со купувањето јапонскиот производител ќе се здобие со know-how во сферата на автономните возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK