Toyota Yaris GR распрoдаден во само 24 часа

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota со децении е еден од најпопуларните брендови на мексиканскиот пазар. Ова особено значи за спортските, GR изведби, а последен доказ за тоа е новата генерација на моделот Yaris GR која е распродаден за само 24 часа.

На овој пазар јапонскиот производител иницијално резервираше 300 модели и истите се распродадени по единечна цена од 699.900 пезоси односно 35.131 американски долари. За нарачка на примерок потребен е депозит од 20.000 пезоси односно 1.000 долари.

“Мексико се приклучи на Јапонија, Австралија, Аргентина и Шпанија како и неколку други земји кои ќе имаат можност да уживаат во како што јапонците кажуваат Ваку Доки, бидејќи следното лето ќе може да се ужива во Yaris GR” изјави Гиљермо Диаз од секторот продажба на Toyota Motor Mexico.

За потсетување, под хаубата овој мал спортист располага со 1,6 литарски трицилиндричен мотор кој продуцира максимални 257 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK