Toyota со нов модел во A-сегментот во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Погонот со мотор со внатрешно согорување ќе го задржи овој модел. Toyota ја објави својата ангажираност кон важниот А-сегмент за Европа со потврдата дека ќе биде произведен трет модел на база на платформата GA-B.

Присуството на Toyota во А сегментот ќе продолжи и понатаму со ново возило. Користењето на платформата GA-B ќе го обезбеди познатото однесување на патот, управување, безбедност и корист во однос на дизајнот. Годишното производство на моделите кои се базирани на GA-B ќе порасне до 500.000 примероци за да се гарантира заштеда на светско ниво.

Моделот чие претставување претстои се тврди дека ќе ја игра улогата на основа за Toyota и ќе ги зачува клучните карактеристики, кои обезбедуваат достапност.

Развојот на нови платформи од Toyota, обединети во филозофијата наречена Toyota New Global Architecture, TNGA обезбедува значителни подобрувања во однос на патничкото однесување, управување, безбедност и дизајн за цела серија на нови модели.

На пример, новиот Yaris, кој е базиран на платформата GA-B, е многу добро примен од страна на европските клиенти со својата динамичка стилистика, исклучително ефективно, но исто така реагира и на желбите на возачот за хибриден погон, одлична динамика на патот, како и водечко место во класата за безбедност.

Следниот модел, кој ќе ја користи пластформата GA-B е новиот Yaris Cross, кој ќе биде претставен подоцна во текот на оваа година. Заедно Yaris, Yaris Cross и новиот модел од А-сегментот се очекува да обезбедат годишно производство на продуктите базираните на GA-B од над 500.000 во Европа.

Достигнувањето на обемот ќе помогне за обезбедување на заштеда на светско ниво за поефикасно производство – клучен фактор за обезбедување на достапност на моделите од А-сегментот, кој клиентите на овие автомобили го бараат.

Подеднакво важен е изборот на погон. Во моментов во А-сегментот доминираат производи што се напојуват со мотори со внатрешно согорување, илустрирајќи го фактот дека буџетот е од клучно значење при донесување на решение за купување – пазарните анализи за перспективите покажуваат дека оваа комбинација ќе продолжи да биде основна особено во случаите кога финансиската достапност е доминантен фактор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK