Toyota RAV4 падна на тестот “Северен елен” (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Тестот на “Северен елен” е се повеќе и повеќе популарен бидејќи се спроведува со цел да се утврдат маневарските способности на возилата во екстремни услови. Овој тест го спроведува шведскиот магазин Teknikens Värld.

Во својот последен тест овој магазин го тестираше новиот RAV4 , но перформансите на овој модел на Toyota не ги воодушеви многу.

“Во одредени ситуации при оштри маневри возилото има тенденција да се издигне на страничните две тркала. При тоа ESP системот не го контролира однесувањето на автомобилот на задоволително ниво” стоеше меѓудругото во дескриптивниот резултат.

Ова не им се допадна на јапонците па излегоа со демант во кој меѓудругото стои дека на интерните тестови ова возило покажало повеќе од задоволителни резултати.

“За нас во Toyota безбедноста на нашите купувачи е приоритет број еден” стои во соопштението на јапонскиот производител.