Toyota работи на нов мотор на водород

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонската Toyota развива нов водороден мотор, како дел од својот концепт за намалување на емисиите на стакленички гасови, се вели во соопштението на корпорацијата во четвртокот. Новиот водороден турбо мотор ќе биде трицилндричен 1.6-литарски.

Тие додаваат дека согорувањето на водородот е побрзо од бензинот, што позитивно влијае на динамиката на автомобилот.

Toyota очекува да го тестира моторот во мај за време на една од етапите на локалната трка на патеката во префектурата Шизуока.

Јапонците веќе има искуство во производство на водородни мотори. Во 2014 година, компанијата го претстави првиот производствен автомобил во светот на овој вид гориво – Mirai. Сепак, во основа има вграден електричен мотор, кој ја добива енергијата потребна за стартување на машината од хемиската реакција на водород и кислород, а нуспроизводот е вода.

И покрај неодамнешниот почеток на продажбата на втората генерација на тој автомобил, Mirai не е многу баран во Јапонија. Во прилог не и оди високата цена и недоволно развиената мрежа на станици за полнење со водород.

Јапонската влада кон крајот на минатата година го одобри планот за намалување на емисиите на стакленички гасови, што, меѓу другото, ја поставува целта за постепено производство на сите бензински и дизел возила до средината на 20-тите години на минатиот век.

Според јапонската влада, таа стратегија за развој треба да ја стимулира економијата и да создаде економски ефект од скоро 900 милијарди долари до 2030 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK