Toyota поседува уште една фабрика во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот ден од новата година донесе убава вест од Toyota Motor Europe (TME). Од оваа компанија објавија дека ќе биде зголемено производството на територијата на Европа за 100% откако компанијата ги доби под своја сопственост Groupе PSA (PSA) и комплексот Toyota Peugeot Citroën Automobile (TPCA) во Колин во Чешка – TMMCZ.

Од 2005 година до овој момент во фабриката во колин, во која работат повеќе од 3.500 лица се склопуваа претставници на компактните модели Toyota Aygo, Peugeot 108 и Citroën C1, а нивното производство ќе продолжи и во иднина.

Со направена инвестиција во износ од околу 153 милиони евра од страна на Toyota, компанијата ја воведува во својот производствен процес новата модулна платформа TNGA модулна платформа, што му овозможува на брендот да почне со склопувањето на новата генерација на Yaris, во тие бројки и во хибридната верзија, од втората половина на 2021 година.

„Од денес нашата фабрика е дел од групацијата Toyota, која веќе поседува вкупно осум производствени капацитети во Европа. Зголемената побарувачка на нашите автомобили и подготовката за стартувањето на производството на нов модел означуваат дека нашите операции ќе почнат да работат во три смени од 28 февруари“, вели претседателот на TMMCZ, Коријацу Аоки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK