Toyota нема да произведува веќе возила во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota одлучи да го прекине производството на возила во својата фабрика во Санкт Петербург во Русија.

„На 4 март моравме да ги прекинеме производните операции во нашата фабрика во Санкт Петербург поради прекинот во снабдувањето со клучни материјали и делови.
За време на овој период, ние целосно ја задржавме нашата работна сила и обезбедивме дека нашиот објект е подготвен повторно да започне со производство доколку околностите дозволуваат. Сепак, по шест месеци, не можевме да продолжиме со вообичаените активности и не гледаме индикации дека можеме повторно да започнеме во иднина, се вели во соопштението на јапонската компанија.

Toyota најавува дека компанијата ќе продолжи да има локално присуство во оптимизирана постава за да ги задоволи потребите на сопствениците на автомобили на Toyota и Lexus во однос на сервисирање и општа услуга.

„Одлуката за прекин на производството на возилата на Toyota во Русија не е онаа што ја сфативме лесно. Во текот на последните 80 години го развивме нашиот бизнис и нашиот бренд со поддршка ширум светот. Сега мора да дејствуваме на начин што ќе ни овозможи да ги заштитиме вредностите и принципите што ги изградија нашите претходници и да бидеме уверени дека можеме да ги пренесеме на следната генерација, се вели во соопштението на компанијата.

Toyota потврди дека на работниците ќе им понуди помош за повторно вработување, преквалификување, вклучувајќи финансиска поддршка над законските барања.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK