Тoyota и Мazda со заедничка фабрика во САД вредна 1,6 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota Motor Corporation (Toyota) и Mazda Motor Corporation (Mazda) објавија дека компаниите имаат потпишано договор за заедничка деловна иницијатива во која фигурираат пет основни точки: изградба на производна хала во САД, заедничка работа во областа на технологијата за електрична мобилност, развој за автомобилска конекција, соработка во областа на безбедноста и проширување на присуството на производи на пазарот.

Главната точка во новата соработка на Toyota и Mazda ќе биде изградба на нова фабрика на територијата на САД, во кој двете марки ќе инвестираат подеднакво. Новиот производствен комплекс, кој се очекува да биде оперативен во 2021 година, ќе биде со годишен капацитет од околу 300.000 автомобили. Инвестицијата е во износ од 1,6 милијарди американски долари.

Во новата фабрика на Toyota и Mazda ќе се составуваат кросовер модели на Mazda кои брендот допрва планира да ги претстави на северноамериканските пазар, а Toyota ќе го произведуваат модел Corolla наменет за Северна Америка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK