Toyota лансира нов систем за полнење без CO2

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Toyota продолжува со електрификацијата на својата понуда со неодамнешното лансирање на RAV4 Primе plug-in хибрид, додека стандардниот RAV4 Hybrid го сруши Prius од позицијата на најпродаван хибриден модел на компанијата. Првиот сериски електромобил на јапонската компанија, инспириран од концептот bZ4X со продажба ќе тргне во 2022 година, додека уште 15 чисто електрични модели ќе се придружат на понудата до 2025 година.

Овој потег ќе придонесе понудата на Toyota до 2025 година да се состои од 40 проценти од електричниоте модели што до 2030 година би требало да порасне на близу 70 проценти. Меѓутоа, во меѓувреме мора да бидат преземени дополнителни чекори за да биде постигната зацртаната неутралност на јаглерод до 2050 година.
Во Калифорнија, Toyota е во фаза да ја лансираат новата програма „Clean Assist“, која полнењето на батериите на Prius Prime или RAV4 Prime ќе го направи одговарачко за животната средина. При полнењето на батериите, „plug-in“ хибридите ќе користат електрична енергија од мрежата, која во поголемиот број на случаи ќе доаѓа од извори како што се јаглен, нуклеарни електрани и гасни турбини.

Остатокот доаѓа од обновливи извори како соларните фарми, фарми со ветерници, хидроелектрични турбини и генератори на органски отпад. Кога ќе се земе предвид изворот на енергија, се гледа дека повеќето од електричните автомобили не можат да се пофалат со нулта емисија. За да се поправи ова Toyota со својата програма „Clean Assist“ планира полнењето на батеријата на автомобилот да го прави со 100% обновлива енергија.

За да се придружат на програмата „Clean Assist“ сопствениците на Prius Prime и RAV4 Prime во Калифорнија, кои ги исполнуваат условите, можат бесплатно да се пријават за користење на апликациите на Toyota, која ја следи количината на електрична енергија, која се користи во текот на полнењето. Toyota потоа ќе генерира или ќе купи еквивалентна количина на сертификати од Калифорнија за обновливи извори на енергија, во кои се бележи производството и употребата на „зелена“ енергија. Доказ за соодветните количини потоа се праќа во CARB (Калифорниски одбор за воздушни ресурси), овозможувајќи 100 проценти електрична енергија ја конвертира во обновлива, без оглед на тоа каде автомобилот се полни. Преку програмата „Clean Assist“ сопствениците можат да следат до која мера учествуваат во смалувањето на емисијата на CO2.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK