Toyota ќе инвестира 600 милиони долари во Didi Chuxing

ОБЈАВЕНО НА:

Во официјално соопштение, Toyota Motor потврди дека во наредниот период ќе инвестира 600 милиони американски долари во Didi Chuxing при што ќе се оформи нова заедничка компанија.

При тоа јапонскиот производител обелодени дека овие две компании заеднички ќе спроведуваат неколку бизнис процеси, а тука ќе биде и партнерството со Guangzhou Automobile Group, Групација која ќе обезбеди бројни услуги и технологија.

Акцент на соработката ќе бидат електричните возила, па така заедно овие компании ќе работат токму на развојот на технологија за овие возила.

Реализацијата на оваа инвестиција е дел од глобалниот план на Toyota според кој до 2025 година половина од продадените автомобили на овој производител треба да бидат електрични.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK