Toyota ја најави електрификацијата – BZ ќе биде првиот модел

ОБЈАВЕНО НА:

Со децении Toyota посветено работи на развој на хибридната технологија, а со тоа и хибридните возила. Сепак бранот на електрификација го зафати и овој јапонски производител.

Првиот целосно електричен модел кој ќе се појави во масовно производство е моделот BZ, ознака која значи Beyond Zero. Toyota објави фотографија од која единствено може да се заклучи дека станува збор за SUV модел.

Истиот се темели на e-TNGA платформата, а е плод на заедничката соработка со Subaru, а е предвесник и на останатите електрични модели кои ќе ги носат ознаките BZ1, BZ2, BZ3, BZ4 и BZ5.

Премиерата ќе се случи кон крајот на овој месец, не подоцна од првата половина на следната, а цената ќе биде нешто над 35 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK